Во денот со рекордни новозаболени од Ковид -19, починаа две пациентки на возраст од 23 и 24 години
Пријавени се вкупно 17 починати лица, на возраст од 23 –90 година и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2, и по едно починато лице е пријавено од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница. Од пријавени, 16 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.