Бугарските европратеници ги обвинија Пицула, Фајон, Шидер и Белка за „скопско“ лобирање во ЕУ
Предлогот го дадоа четворица европратеници: Тонино Пицула (Хрватска), Тања Фајон (Словенија), Андреас Шидер (Австрија) и Марек Белка (Полска). Токму тие се обвинети, како што се посочува во ставот на бугарските социјалисти во ЕП, за „компромис, отворена глупост или скопско лобирање“, а тврдењето дека нивното место не е во ЕП не заслужува коментар.