Шахпаска – Ди Џовани: Продолжува успешната соработка со УНИЦЕФ, усогласен и потпишан Планот за соработка за 2021 година
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпска и претставничката на УНИЦЕФ во нашата држава, Патриција ди Џовани, денеска ја потпишаа Програмата за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ за 2021 година, која е дел од Програмата за соработка на УНИЦЕФ со Македонија 2021- 2025 година