Не можевме да ги добиеме Синофарм, затоа одевме преку приватни компании, вели Заев за написите на Ла Верита
Премиерот Зоран Заев ги отфрли обвинувањата за незаконско дејствување во однос на набавките на вакцина против Ковид – 19 од кинески Синофарм. Кажа дека за набавката на вакцините се одело преку приватни фирми, во случајов и преку Пауер Чајна, а нарачката е направена преку кинеската Амбасада и МНР на Кина на барање на кинеските власти.