Петар Милошоски: Истражители од СЈО ми се закануваа да го сменам исказот даден за случајот „Тортура“
– Притисоците се движеа околу уцената на моето работно место. И ден денеска ми ги менуват работните места. Овие одлуки ги донесе Примислав Димовски, кој беше и истражител во СЈО. Разни притисоци, дека ќе ми се земат овластувањата, дека ќе треба да се јавам на шалтер секој ден со тие што ги гониме (криминалци), изјави обвинетиот Милошоски.