Со Спутник треба да бидеме претпазливи кај трудници и доилки, други контраиндикации нема, вели Филипче
Во упатството на „Спутник В“ има препорака за претпазливост само кај трудници и доилки. Не е наведена никаква друга контраиндикација, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче по пристигнувањето на првата пратка од руските вакцини, вкупно 3.000, на Скопскиот аеродром.