Симовски контра Османи: Од 1948 па наваму на пописите има графа за бугарска етничка припадност
Во сите пописи од ’48 наваму имало код за бугарска етничка припадност. Имаме податоци во однос на таа етничка припадност и ќе има и понатаму. Кој како ќе се произнесе е исклучиво негово право и ние не смееме да влијаеме, изјави за МИА, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.