Во завршницата на месецот посветен на ретките болести и на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче се сретнаа со 12 претставници на здруженијата за ретки болести, соопшти денеска владината прес-служба
Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2020 година изнесува 4 935 и во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 4.8 отсто
Казна затвор од 55 години и десет години условни казни, односно вкупно 65 години, им изрече на 11 лица вчера Основниот кривичен суд Скопје за случајот за масовното прислушување во периодот од 2008 до 2015 година и уништување на опремата од УБК „Таргет-Тврдина“
Со статистиката од вчера за новите 554 заразени, корона-годината во земјава е заокружена со 101 762 дијагностицирани
Професорот Љубомир Цуцуловски, во гостување на ТВ „Канал 5“ говороше за случувањата на 27 април при што истакна дека организатор на случувањата на 27 април е тој што најмногу доби од тие случувања.
– Ние се уште сме во десеттиот век и нема чекор напред, изјави Димитров на брифинг во бугарското Министерство за надворешни работи.
Владата нема никаква скриена агенда во пописот, а неговата политизација и форсирањето негативна кампања, може само да креира тензии, рече вечерва министерот за правда, Бојан Маричиќ.
Ова вечерва го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата Трилинг на ТВ 24, кој нагласи дека треба сериозно размислување како ќе се продолжи и понатаму и во овој случај и во другите случаи во кои е осомничен Мијалков.
Според обвинителката Ленче Ристовска треба да се размисли дали можеби кумулацијата на казните треба да се третираат како основ за определување на подолготраен притвор бидејќи, како што рече, се покажа дека кај нас и во предмет во скратена постапка може да бидат многу сериозни кривични дела.
Осум лица се приведени и се уште се работи на случајот, а повредени се седум полицајци во денешниот протест за „Монструм“, потврдија за МИА од МВР.