Дојде и крај на февруари, ништо од кинеските вакцини, Филипче вели испораката ќе се одложи за неколку дена
-Покрај разговорите за кинеската вакцина и вакцините на „Фајзер“, сега течат и преговорите и за „Спутник ви“, рече Филипче, додавајќи дека за „Синофарм“ и „Фајзер“ во тек се финалните прашања. Но, како што рече, треба да се остави малку резерва, оти досега се покажало дека производителите секогаш имаат дополнителни прашања.