Средба на Османи со шефовите на ДКП-та за претстојниот Попис
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска одржа вонреден работен состанок со сите шефови на дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП), со цел подготовка за спроведување на активностите во нивните надлежности поврзани со претстојниот попис, на кој присуствуваа и директорот и заменик директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симевски и Иљми Селами, соопшти МНР.