За 9 лица отворени дисциплински постапки, двајца доктори суспендирани од работа во Клиничката болница во Битола
При вонредниот инспекциски надзор, како што се потенцира, ДСЗИ ПО Битола констатираше дека директорот на установата во врска со случајот преземал законски предвидени мерки, односно поведени се дисциплински постапки против девет лица вработени на Одделот за гинекологија и акушерство, а двајца доктори се суспендирани до завршувањето на дисциплинските постапки.