Николовски: На министрите им ја броиме секоја чаша вода, нема функционери кои се луксузираат
Борбата против криминалот и корупцијата, како и стеснување на просторот и можностите за трошење на фунционерите и натаму се врв на агендата на Вкадата, но и на ресорот со кој раководи, порача денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.