ДЗР: Помалку од еден отсто од собраниот пластичен отпад се рециклира, потребни иницијативи и активности за подобрување на состојбата
Во Македонија не е воспоставен интегриран систем за управување со пластичниот отпад, поради што активностите кои се преземаат во таа дејност не влијаат на намалување на количеството на создаден пластичен отпад и не обезбедуваат одржлив развој, преку негова преработка. Не се воспоставени функционална селекција и повратен прием на пластичниот отпад, како основни предуслови за негова преработка