Силјановска за изборот на членови на Комисијата за заштита од дискриминација: Доминација на политиката и партиските интереси
Посочи дека кога ја видела листата на пријавените била импресионирана од бројот, од пројавениот интерес и од некои од личностите кои, како што рече, фигурираат таму, зад кои стои цела научна јавност, и онаа ангажирана во невладинот сектор, знаат дека биле активни, ја знаат таа област и оти можат да учествуваат во заштитата од дискриминација.