Претседателот Стево Пендаровски смета дека рестриктивните мерки кои стапија на сила од денес се слични со оние во другите држави, но оти она што е поразително, според него, е непочитувањето на мерките.
Министерката за образование и наука Мила Царовска во вечерашното интервју за телевизија „Сител“ истакна дека образовните измени се неопходни и итни и оти тоа го покажуваат не само меѓународни истражувања и тестирања, туку и домашните.
Во однос на најавата, Пендаровски рече дека и него го изненадило тоа, но сепак го смирил фактот дека станува збор само за иницијален концепт за размислување, а не за готова работа.
Формулацијата „погрешно толкување на историјата“ е несреќна формулација во обидот да се реши проблемот, пред се да се решат историските недоразбирања меѓу Македонија и Бугарија, во смисла што е нејасно кој ќе цени што е погрешно и што е правилно толкување на историјата.
Не би сакал, нагласи Пендаровски, да станеме неславни рекордери во чекалната, меѓутоа најтешката работа е првото вето, односно да ги убедиш другите дека нема да дадеш согласност, потоа според аналитичарите е полесно да го одржуваш.
Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, изјави денеска дека првите дози на вакцината „Фајзер“ во Србија ќе пристигнат во понеделник или вторник, во првата транша од нешто помалку од 5.000 дози, а ќе ги примат корисниците на домовите за стари лица, се наведува на веб-страницата на српската Влада.
Собраниската расправа за Дополнениот предлог-буџет за 2021 година продолжува и утре. Седницата, според најавите, треба да почне во 12 часот.
Како матица на историското образование и наука во македонската држава од нејзиното основање до денес, чии кадри претставуваат потпора и темел на сите нивоа и сегменти на македонското образование, исполнувајќи ја својата општествена должност и совест, Институтот за историја соопштува:
Чешкото Министерство за надворешни работи за „Дојче веле“ соопшти дека Чешка е длабоко разочарана што не беше одобрена Преговарачката рамка за Македонија, со која требаше формално да започнат пристапните преговори со ЕУ.
Во болнички услови починати се 29 лица, дванаесет пациенти од Скопје (72, 75, 80, 70, 84, 54, 64, 33, 78,78,48 и 64г.)