Бугарија ја блокираше преговарачката рамка, Чешка и Словачка пак ги блокираа заклучоците со „погрешно толкување на историјата“
Преговарачката рамка за Северна Македонија засега останува блокирана од Бугарија, а неизвесно е дали ќе бидат усвоени и заклучоците за Западен Балкан во Брисел, откако вчера беа тргнати од дневен ред на Европскиот совет, бидејќи немаше едногласност кај земјите членки на Европската унија. Германското претседателство има рок до 31 декември да изнајде решение