Како општествено одговорни компании, се вели во соопштението, се ставаме во служба на јавниот интерес. Казиното „Фламинго“ – Гевгелија го отстапивме за карантин, во јавните здравствени установи дониравме болнички кревети и медицински материјали во вкупен износ од 200 илјади евра.
Граѓанската организација за унапредување на правата на родителските семејства – Една може! бара итно реобмислување и реформирање на мерката за самохрани родители и еднородителски семејства од четвртиот антикризен пакет на Владата.
Општо, властите се поканети да ја зајакнат судската пракса во врска со примената на следење на банкарските трансакции.
За време на традиционалното, годишно обраќање на претседателот Стево Пендаровски оваа година, бевме сведоци на одговорен пристап во согласност со државните интереси и како придонес на нашите стратешки определби, напиша премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил.
Министерството за образование и наука соопшти дека подготвува целосно нов модел на настава во кој ниту една научна дисциплина нема да се изгуби, туку ќе се смени концептот на кој учениците го изучуваат материјалот.
Заклучоците за проширувањето кон Западниот Балкан се потврдени попладнево од страна на 27-те амбасадори на ЕУ во Брисел, со референца за погрешно толкување на историјата и долгото име на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.
Свечено денеска беше одбележувана 100-годишнината од првиот академски час на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими министерот за здравство, Венко Филипче, началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Починати се 25 лица, десет пациенти од Скопје (50, 66, 40, 80, 61, 79, 71, 83, 71 и 73), еден од Куманово (81г), двајца од Штип (63 и 51г)
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2889 тестирања, а регистрирани се 865 нови случаи на ковид-19