Таткото на убиениот Ангел Петковски сведочеше во суд: Ангел ми рече, тато овој го украде точакот, по што беше прободен со нож
За настанот пред кривичниот совет по втор пат свој исказ даде мајката на починатиот Ангел Петковски, Благица. Денот на настанот како што истакна Благица, била на работа и преку телефон малиот син ја информирал дека точакот им е украден.