Во Битола на 67-годишна возраст почина поранешниот македонски министер за култура, во еден мандат пратеник и долги години директор на Битолскиот театар, Благоја Стефановски – Баге.
По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“
Починати се 22 лица, седум пациенти од Скопје (70, 61, 73, 81, 62, 65 и 69г), еден од Куманово (79г), двајца од Штип (81 и 78г)...
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3399 тестирања, а регистрирани се 1342 нови случаи на ковид-19
Сега е потребен, нагласи Заев, вистински европски чекор на пријателство, кое што ќе даде задолжение и кај нас и кај нив, за уште повеќе да работиме на градење на тоа пријателство што сакаме да го видиме и во Република Македонија и во Република Бугарија.
Kоординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска изјави дека големиот број амандмани што ги поднеле на предлогот за измена на Деловникот за работа на Собранието се резултат на, како што посочи, деуставноста и неделовничкиот начин на однесување на власта.
За сите граѓани кои вистински се грижат, да ги осигурам дека никој не преговара за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик. Тоа е наше право на самоопределување, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Тој истакна дека деновиве се прават напори да се изнајдат решенија, иако како што рече, го подготвивме народот дека постои можност да не се усвои преговарачката рамка, а со тоа да не се даде можност да се одржи првата меѓувладина конференција.
Она што ВМРО-ДПМНЕ го прави деновиве е лажен патриотизам само за да дојде на власт, оцени денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања во Неготино.
Во периодот од 23 ноември до 29 ноември од страна на седумте инспекциски служби се извршени вкупно 4.080 контроли, по основ на почитување на здравствените протоколи и материјалните закони во рамки на надлежностите на инспекторатите.