Анкета: 54,9% од православните верници поддржуваат признавање на македонската црква под името Охридска Архиепископија
На прашањето „Дали би поддржале признавање на автокефална црква под древното име Охридска Архиепископија наместо МПЦ-ОА?“, 54.9 отсто од испитаниците одговориле позитивно, 29.5 проценти не се согласуваат со тоа, а 15.7 проценти од испитаниците се уште немаат став по ова прашање.