Министерството за здравство соопшти дека жали за недоразбирањето, откако вчера до медиумите испратиле известување во кое појасниле дека ниту Министерството, ниту која било друга здравствена установа има издадено наредба или донесено одлука или сл. за забрана за снимање.
Подоцна, одговарајќи на прашање на пратениците, Меркел рече дека се надева дека Македонија годинава ќе ги започне преговорите, додека Албанија ќе мора да почека.
Групата за процена во Центарот за управување со кризи бара продолжување на кризната состојба во државата за нови 30 дена.
Пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева вечерва изјави дека е исклучително важно и потребно Законот за спроведување на попис што побрзо да се донесе.
Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, беше дел од четиричленото жири кое ги оценуваше креациите на учениците од 14 средни училишта од Република Македонија, изработени од реупотреба на различни отпадни материјали.
Седница на Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржа денеска преку видеоконференциска интернет врска. Штабот е оперативно стручно тело што раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации, соопшти ЦУК.
Починати се 32 лица, дванаесет пациенти од Скопје (66, 59, 81, 69, 57, 68, 73, 80, 85, 67, 77 и 82г), двајца од Прилеп (70 и 55г)
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19
Во процес е изготвувањето на моделот за прочистување на судството, постојат повеќе аспекти кои што треба да се докомплетираат, но многу скоро ќе го имаме, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ, прашан до каде е најавеното прочистување на судството.
Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, заедно со САД, како земји – членки на НАТО, ќе го предводат процесот за промоција на политиката на отворени врати на НАТО и за поддршка на земјите аспиранти од југоисточна Европа до полноправно членство во НАТО – беше заклучено на состанокот.