Димитров: Ако ЕУ дозволи македонскиот јазик да биде пречка на нашата евроинтеграција, не знам дали ќе можеме да веруваме во таква ЕУ
Ако ЕУ дозволи македонскиот јазик да биде пречка, на патот на нашата евроинтеграција, тогаш нема да ја заслужи придавката во своето име „европска“ и не знам дали ќе можеме да веруваме во таква Европска унија, изјави денеска во Прилеп, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров