Филипче: Се пополнува капацитетот во сите инфективни оделенија насекаде во државата
Голем е бројот на пациенти кои се примаат во болниците, само вчера во болницата „8 Септември“ биле примени петмина пациенти, а на Инфективната клиника во Скопје се примени 13, соопшти министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција и апелираше да се почитуваат мерките за превенција од Ковид-19, да се носат маски и да се одржува дистанца, се со цел да се забави ширњето на вирусот