Ако сретнеш оџачар, цел ден ќе бидеш среќен!
Во стари, ветви тетратки неколку генерации битолски пожарникари уредно впишувале: „Оџакот на фамилија Спасевски од Арнаут Маале – исчистен“ или „Оџаците на двете куќи на фамилија Трајковски, кај Булеварот, исчистени“, и така сè со ред. И секоја година. Сè до крајот на 80-тите години од минатиот век, кога организираното чистење на оџаците во Битола, како чад, исчезнува