Во колона со возила, Кичевчани протестираа против поскапувањето на струјата
Кичевчани попладнево протестираа против поскапувањето на електричната енергија, по втор пат движејќи се бавно во колона од неколку десетици возила на магисталата Скопје-Охрид во делот што минува низ Кичево, од селото Другово, до крстосницата кон РЕК „Осломеј“.