Гир: Се надевам на скорешно одржување на првата меѓувладина конференција, билатералните договори да се применуваат во добра атмосфера
Се надевам дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи што е можно поскоро. Сега е потребно земјите-членки да ја договорат финалната верзија на преговарачката рамка, којашто практично ја отвора вратата да се започне со преговарање, вели новиот евроамбасадор во Македонија Дејвид Гир, во ексклузивното интервју за МИА, кое што е негово прво по преземањето на функцијата