Цигарите поскапуваат за 5 денари, се исфрлаат од употреба пакувањата со 19 цигари
Пакувањата со по 19 цигари излегуваат од употреба, а во наредниот период сите пакувања ќе мора да имаат 20 цигари. Така велат промените во Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, донесен во мај мината година, а примената мора да се направи до ноември, годинава.