Пендаровски: ООН ќе биде ефикасна онолку колку што ќе и дозволат државите членки
Формирањето на Обединетите нации е еден од најважните глобални проекти и постигнувања на човештвото, но нашата Организација може да биде ефикасна онолку колку што државите членки ќе и дозволат, порача претседателот Стево Пендаровски во видео обраќањето на форумот на високо ниво „Иднината што ја сакаме, Обединетите нации што ни требаат: Потврдување на нашата колективна посветеност на мултилатерализмот“, што се одржа синоќа во Њујорк по повод 75-годишнината од формирањето на ОН