Со мнозинство од 61 пратеник, изгласани измените на законите за основно и средно образование
Пратениците на денешната седница со 61 пратеник „за“, ниту еден „против“ и 28 „воздржани“, го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за основно образование и со 61 глас „за“, еден „против“ и 25 „воздржани“ го донесе Закоконот за изменување и дополнување на Законот за средно образование, по скратена постапка.