МЗ: Задолжително носење маска, правилната употреба клучна во справувањето со Ковид-19
Задолжително е носењето на заштитна опрема за покривање на носот и устата во сите јавни затворени простори, како што се средства за јавен превоз, маркети, банки, пошти, амбуланти, болници, институции, како и на отворени простори, каде нема можност за одржување дистанца од два метри меѓу граѓаните, како што се пазари, отворени трговски центри, тесни улици, автобуски постојки и слично, соопшти Министерството за здравство.