Мицкоски: Границата треба да биде наш заеднички мост кој поврзува луѓе, можности и идеи, стартува „One stop shop“ со Косово
Ми претставува особена чест што денес, овде, на самата граница започнуваме да ја испишуваме првата страница од едно заедничко ново, современо и прагматично поглавје на нашата меѓусебна соработка.