Филипче во посета на кумановската болница
Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска ја посети кумановската болница и оствари средба со менаџерскиот тим на болницата. На средбата се разговараше за проблемите со кои се соочува болницата, за можностите за нивно надминување, се со цел, подобрување на условите и за пациентите и вработените во општата болница.