Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи Панел-дискусија на тема: Улогата на парламентарниот етичар во спроведувањето и почитувањето на Етичкиот кодекс во парламентите - пракса од националното Собрание на Француската република.
Нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Титаник 2“, „Триста“ и „Тарифа“ денеска треба да се одржат во Кривичниот суд.
Студија за проценка на институционалните механизми за превенција, идентификување, пријавување, упатување и заштита на деца од насилство ќе биде промовирана денеска во Скопје.
Комисијата за заштита од дискриминација денеска ќе го презентира годишниот извештај за 2017 година.
Дебата на тема „(Не)Слободни медиуми во Македонија“ ќе се одржи денеска во Клубот на новинари во организација на Центар за слобода.
Панел дискусија на тема „Модели на антикорупциски тела“ организираат денеска Државната комисија за спречување на корупцијата и Министерството за правда со поддршка на ИПА проектот.
Десет македонски поети и писатели од сите генерации, од денеска до 12 мај во Софија ќе учествуваат на 11-тото издание на „Македонска книжевна визита“, чија цел е афирмација на македонската литература во соседна Бугарија.
Дебата на тема „Предизвиците на Република Македонија пред самитот на НАТО во 2018 година” ќе се одржи во организација на Институтот за јавни политики, а поддржана од НАТО дивизијата за јавна дипломатија.
Амандманската расправа за измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во второ читање денеска ќе продолжи на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија.