Јавна расправа за потребните мерки и активности за воведување на 5Г мобилната технологија во Македонија ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).
Завршна свеченост по повод 9 Мај - Денот на Европа ќе се одржи денеска во Скопје.
Со поранешниот грчки премиер, а сега лидер на Сегрчкото движење на демократските социјалисти и на социјалистичката интернационала, Јоргос Папандреу ќе оствари средба утре во Сунио шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.
Претставниците на европската адвокатска компанија со премиерот Заев разговараа за нивното правно искуство во локални и прекугранични проекти и спорови, кои ги остваруваат преку својата мрежа од околу 5.000 адвокати и правници.
Интензивирањето на преговорите за спорот за името на површина како најтешки точки ги исфрли прашањето за промена на Уставот, што го бара грчката страна, и прашањето за опсегот на употреба на договореното име.
Ниту бил предвиден во составот на делегацијата на министерката Шекеринска ниту било возможно самоиницијативно да се појави на средбите со што би покажал непочитување и проблеми во протоколот и безбедноста.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ги запозна амбасадорите на земјите-членки на НАТО во Македонија со напредокот во изработката на клучниот стратешки документ во одбраната, Стратегискиот одбранбен преглед.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари средба со директорката на Европската федерација на новинари (ЕФН), Рената Шредер, придружувана од Драган Секуловски, претставник на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).
Еден од двајца граѓани (47,1 отсто) се против каква било промена на името, што по растот во 2013 година (62,3 отсто), е враќање на нивото од 2010 година (48,4 отсто).
Лекарската комора на Македонија во името на сите доктори искрено жали за смртта на Тамара и сочувствува со болката на семјството Димовски.