Советниците не добиваат сертификати за класифицирани или безбедносни информации, изјави премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дали ваков сертификат ќе добие и советникот Џезаир Шакири.
Во случај да не добиеме датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ ризиците се многу, а земјите членки треба да го имаат предвид тоа кога ќе решаваат зошто треба да бидеме дел од Унијата и да ги започнеме преговорите, порача вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.
Во присуство на јавноста денеска во судницата во Кривичниот суд беше пуштена скратената снимка што беше објавена на Јутјуб во врска со предметот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот Зоран Заев.
Крајно време е да обезбедиме средина која нема да ги осудува ниту, пак, ќе ги дискриминира лицата болни од ХИВ или од туберкулоза.
Министерството за внатрешни работи (МВР), на тригодишнината од настаните во кумановско Диво насеље кога загинаа осуммина полицајци, соопшти дека институциите во земјата ќе ја осигураат правдата и дека одговорност за овие настани мора да има.
Ги поздравувам напорите за изнаоѓање решение, а ако се реши проблемот, тогаш НАТО ќе ја покани Поранешната југословенска Република Македонија да стане членка на НАТО.
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за здравство и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.
Во Скопје денеска ќе се одржи тркалезна маса „Водење бизнис со почит за човековите права” во организација на Советот на Европа и со поддршка на „Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција”.
На денешното судско рочиште за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев треба да се гледа скратената снимка што беше објавена на Јутјуб.
Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот „Титаник“ што е прв случај обелоденет од Специјалното јавно обвинителство.