Минатата година во Македонија 25 лица загинале на работното место
Претседателот на Македонското здружение за заштита при работа, Милан Петковски, истакна дека годинава 25 лица загинале на своите работни места што споредено со минатата година има благо зголемување. Посочи дека, на секои 100.000 вработени тројца загинуваат на своето работно место.