Робертсон: Вистински патриотизам е да се направи она што е најдобро за идните генерации
Како ноќ и ден, ја оцени состојбата во Македонија поранешниот генерален секретар на НАТО Лорд Џорџ Робертсон, споредувајќи ја ситуацијата во 2001 и сега и нагласувајќи дека земјата тогаш била на работ на крвав конфликт, а денеска е европска држава.