Средба Заев-Могерини: Чистата препорака е најава за можен датум за почеток на преговорите со ЕУ
Високата претставничка на ЕУ, Могерини, на средбата рече дека главната порака што ја носи се честитки, до премиерот Заев лично, до Владата, до опозицијата, до Парламентот и до граѓаните, за добиената чиста препораката за почеток на преговори на Македонија за членство во ЕУ.