Ромките се уште се соочуваат со пречки во пристапот до основни здравствени услуги
Иницијативата на жени од Шуто Оризари, по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април, потсетува дека Ромките од Шуто Оризари и годинава се уште се соочуваат со сериозни пречки во пристапот до основни здравствени услуги за репродуктивно здравје, што се потврдува и со загрижувачките податоци за бројот на малолетнички бремености меѓу Ромките.