Министерството за труд и социјална политика,информира дека согласно Законот за празниците, 6 април 2018 година, Велики петок, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.
Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска најави дека утре го формализираат и го објавуваат првиот конкурс за прием на нови 125 професионални војници во Армијата на Република Македонија.
Истакна дека вкрстената анализа на МИОА, Агенцијата за вработување на РМ, Министерството за финансии и Фондот за здравствено осигурување покажува дека јавниот сектор на Македонија има 1.299 институции во кои работен однос имаат засновано 128.722 лица.
Според обвинението на СЈО, осомничениот давал лажни податоци во завршните сметки и даночните пријави при што преку правните лица затаил данок во износ од 7.466.981 денар или 121.414 евра, а лично физичкото лице затаило 3.876.471 денар или 63.032 евра.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски по повод еврејскиот празник Пасха упати честитка до претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо-Николиќ.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во телефонски разговор му ја честиташе победата на претседателските избори на претседателот на Арапска Република Египет, Абдел Фатах Ал–Сиси, посакувајќи му многу успех во извршувањето на одговорната функција.
На академијата, како што соопшти Врховниот суд на РМ, ќе присуствуваат претседатели и судии на врховните судови од Албанија, Косово, Словенија, Турција, Хрватска и Црна Гора.
Рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак вчера на прес-конференција го оцени како непријателски чин и без преседан за целата историја на руско-македонските односи протерувањето руски дипломат од страна на македонските власти.
Минатото рочиште за „Топлик“ беше одложено поради болест на обвинетиот Димитар Димовски, за што неговиот адвокат достави лекарска потврда.
Нова рунда преговори за спорот за името меѓу Македонија и Грција ќе се одржи денеска во Виена каде што шефовите на дипломатиите на двете држави Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе имаат средба со медијаторот Метју Нимиц.