Пролет со нестабилни и врнежливи периоди, можност за излевање на реки и свлечишта
Динамична пролет со нестабилни и врнежливи периоди во првата половина и потопол период со зачестени грмотевични бури во втората половина, предвидуваат професорите, со кои разговараше МИА, Владо Спиридонов и Ивица Милевски од Природно-математичкиот факултет во Скопје.