Заев на средба со Курц: Австрија дава континуирана поддршка за евро-интеграцијата на Македонија
На маргините на Виенскиот економски форум, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев оствари неформална средба со актуелниот министер за надворешни работи на Австрија и мандатар за составување на новата австриска влада, Себастијан Курц.