Заболените од ХМЛ бараат нови лекови на позитивната листа
Директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска, истакна дека само пет од тие 20 пациенти не се во хематолошка ремисија. Останатите 15 пациенти, посочи, се уште се во хематолошка ремисија и се стабилни, меѓутоа постои нарушување на молекуларниот одговор.