Јанкуловски: Студирање на УКИМ ќе ви овозможи образование со проверен квалитет
– Добивањето на препознатливиот индекс на УКИМ е стартна позиција на вашите идни професионални успеси, рече Јанкуловски, додавајќи дека да се припаѓа на УКИМ е чест, но и обврска, затоа што знаењето, науката и квалитетот се негуваат на овој Универзитет од самото негово основање.