Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска го прими Казујуки Накане, државен министер за надворешни работи на Јапонија.
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска се сретна со Казујуки Накане, државен министер за надворешни работи на Јапонија, придружуван од јапонска делегација и од амбасадорката на Јапонија во Република Македонија, Кеико Ханеда.
Во јули годинава се издадени 205 одобренија за градење, што е за 19,9% помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Трошоците на живот во август годинава, во споредба со август лани, биле поголеми за 1,9 проценти, а цените на мало за 4,1 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Полициската станица-Прилеп поднесе кривична пријава против поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и за актуелен и поранешен државен правобранител и за нотар, за злоупотреба на службената положба.
Габриел, како што соопшти денеска геманското МНР, му ги пренел на Димитров честитките за првите 100 дена на Владата на премиерот Зоран Заев.
Денеска ќе биде извршено свечено менување на државното знаме пред кабинетот на претседателот на Република Македонија. На церемонијата ќе присуствува претседателот на државата, Ѓорге Иванов.
По повод 8-ми Септември - Денот на независноста на Република Македонија, денеска ќе биде извршена почесна артилериска стрелба.
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 5-тата седница.
Собраниската Комисија за европски прашања денеска ја продолжи расправата по Предлог-законот за употреба на јазиците во прво читање. На денешното продолжение, завршни обраќања треба да имаат координаторите на четирите најголеми парламентарни групи во Собранието.