ЦУК: Пожарите во Македонски Брод целосно изгаснати
Пожарите во општина Македонски Брод, каде има прогласено кризна состојба, во атарот на селата Волче, Заград, Растеж, Здуње, Близанско и Грешница се изгаснати, информираше денеска Надица Вчкова, портпарол на Центарот за управување со кризи.