На денешниот отворен ден, од страна на единиците на АРМ и Армијата на САД кои учествуваат на вежбата ќе биде ќе биде извршена демонстрација на изработка на полетно - слетна патека на АП Криволак за беспилотни летала.
Македонските војници го отвораат патот кон полноправно членство на Македонија во НАТО, изјави денеска премиерот Зоран Заев на армискиот полигон Криволак, во рамките на денот за високите гости на вежбата „Dragoon Guardian 17“.
Пет полски новинари на покана од ТАВ Македонија претојуваа во Македонија со цел да ги искусат убавините на земјата и да ја промовираат како туристичка дестинација меѓу туристите од Полска.
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека среда, 2 август, Денот на Републиката, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), неделава ќе почне и исплатата на поддршката за лозарството, како и за штетите од невремето во општина Гази Баба.
Денес, со пoчеток во 13:00 часот, Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, ќе оствари средба со Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
Министерството за труд и социјална политика ги демантира тврдењата изнесени на денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ дека изградбата на градинка во с. Волково e спречена поради кратење на буџетски средства од страна на министерството.
Министерството за внатрешни работи ги објави потерниците за Горан Грујовски и Никола Бошковски кои веќе четврти ден се во бегство и по кои полицијата сè уште трага.
Според податоците од соопштението, Заев и министрите годишните одмори ќе ги минат во земјата и во земјите од соседството, но дел од владиниот тим летото планира да го мине работно и да ги користи само викендите.