На денешната седница на Владата ќе започне назначувањето на членови на надзорните и управните одбори.
Владата на Република Македонија денеска во 17 часот ќе одржи седница на која ќе разгледа информации поврзани со санирањето на последиците од поројните дождови и со причинетите штети на земјоделските култури во ресенскиот и тетовскиот регион.
Албанија и Македонија немаат отворени прашања и сакаат уште подобра соработка како единствен сигурен пат кон евроатлантските интеграции, истакнаа министрите за надворешни работи на двете земји, Дитмир Бушати и Никола Димитров, по денешната средба во Тирана.
Апелацискиот суд ги одби жалбите на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и на уште две лица, како и на Специјалното јавно обвинителство во случајот „Тендери“.
На годинашниот прв ИПАРД повик кој траеше до 21 јули, во општините Крива Паланка, Куманово, Свети Николе, Ранковце, Младо Нагоричане и Кратово се поднесени 101 апликација.
Зоран Павловски, денеска на предлог на министерот за економија Крешник Бектеши, е именуван за нов државен секретар во Министерството за економија, информира Либерално-демократската партија (ЛДП).
Производот се повлекува по добиена нотификација дека сличен производ на пазарот на ЕУ содржи зголемени вредности на полициклични ароматични јаглеводороди.
Министерот за здравство Арбен Таравари, заедно со делегација од неговиот кабинет, од денеска е во петдневна работна посета на Соединетите Американски Држави.
Апелацискиот суд во Скопје на својата веб страница ги објави одлуките по жалбите за мерките за претпазливост изречени од Кривичниот суд за обвинетите во предметот „Титаник“ на СЈО за изборни нерегуларности.
Според одлуката на Владата за 2 Август, во Крушево говор ќе одржи претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, информираат од неговиот кабинет и додаваат дека е ова дел од вообичаениот распоред за присуството на Илинден