Донесени се и измените на законите за основно и за средно образование и за наставници во основните и средните училишта, сите во скратена постапка. Со измените се овозможи укинување на екстерното тестирање кое се спроведуваше од 2013 година.
Изразувам загриженост и најостро го осудувам денешниот инцидент, во кој со огнено оружје беше нападнат поранешниот министер за здравство и поранешен пратеник Никола Тодоров
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска го започна првиот работен ден со средби и состаноци со вработените со цел запознавање со тековните работи во Министерството за труд и социјална политика.
Дамјан Манчевски денеска ја презеде функцијата министер за информатичко општество и администрација од досегашната министерка Марта Арсовска Томовска.
Во Министерството за надворешни работи денеска беше остварена средба помеѓу новиот министер за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров и досегашниот Никола Попоски.
Управата за заштита на културното наследство, која е во состав на Министерството за култура, се всели во нов поголем работен простор, во објект на ул. Павел Шатев, бр. 3 во Скопје.
Во Македонија во 2016 година се родиле 23.199 деца од кои 23.002 се живородени, а 197 мртвородени.
Вкупно 46 отсто од земјоделците го познаваат Законот за земјоделство и рурален развој, 7 проценти добро се запознаени со него, а само 3 отсто одлично ги владеат предвидените решенија, покажува последното истражување на Рурална коалиција – Куманово.
Досегашниот министер за одбрана Зоран Јолевски денеска и ја предаде функцијата на новата министерка за одбрана Радмила Шеќеринска Јанкоска.
Треба, рече, со сите сили да се насочиме кон креирање издржливи политики во земјоделството кое е исклучиетлно значаен сегмент од македонската економија.