По насилното влегување на масата во Собранието овие полициски службеници продолжиле пасивно да се однесуваат во холот и на скалите и не преземале никакви службени дејствија.
Од Фондот за здравствено осигурување информираат дека за детето Павел за кој се бараат донации на социјалните мрежи во ФЗОМ нема поднесено барање за лекување во странство и не е осигуреник на Македонија.
Вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров и претставници на компаниите Гранит, Бетон и италијанската ИНСО системи денеска го потпишаа договорот за изградба на нов клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Со воена свеченост во Техничко-ремонтниот центар во Скопје денеска беше одбележан Денот на бригадата за Логистичка поддршка(брЛП) при Здружената Опаративна Команда(ЗОК) во АРМ.
Прашалник за самопроценка на депресија од денеска ќе пополнуваат пациентите кои ќе го посетат својот матичен лекар.
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, утре - 20 мај 2017 година, сабота, ќе престојува во работна посета на Хашемитското Кралство Јордан.
Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини на 24 мај во Брисел ќе ги очекува актуелните премиери на Балканските држави.
По повод Денот на бригадата за логистичка поддршка (брЛП), која е дел од АРМ, денеска во Техничко-ремонтниот центар (ТРЦ) во Скопје ќе се одржи воена свеченост.
Критиките на македонскиот претседател Ѓорге Иванов се неумесни, порачуваат од германското Министерство за надворешни работи.
Одложено е рочиштето за деветмината насилници кои тепаа пратеници во Собранието на 27 април, бидејќи обвинетиот Ангеле Зафировски познат како „Бате Геле“ не бил спроведен од домашен притвор.